Ситуацијата во Фолксваген е повеќе од критична, тврди извршниот директор Оливер Блуме


Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, изјави дека ситуацијата во најголемиот европски производител на автомобили е критична и тензична, по најавите дека се неопходни мерки за намалување на трошоците и редуцирање на работната сила, пренесува ДПА.

– Ситуацијата е повеќе од критична, изјави Блуме во интервју објавено на интранет страницата на компанијата.

Според него, неопходни се итни мерки, иако оперативниот приход на компанијата од 3,8% е солиден, не е доволен „да генерира доволно средства на долг рок за нови технологии, нови производи и производствени капацитети“.

– Досегашните мерки за намалување на трошоците за 20% не се доволни, рече Блуме.

Тој посочи дека се планира новиот пакет мерки да биде усвоен до крајот на годинава и предупреди дека можеби ќе треба да се укинат околу 50.000 работни места за да се направи компанијата конкурентна, што предизвика бес кај вработените и синдикатите.

Тие најавија протести и побараа итни состаноци со раководството околу плановите за иднината на Фолксваген.

Back to top button
Close