Скандал: Хипербаричната комора за повредените од „Пулс“ никогаш не била ставена во функција
Хипербаричната комора која за потребите на повредените во пожарот во дискотеката Пулс беше донирана за кочанската болница, никогаш досега не била ставена во функција.
Ваквата информација за Канал 77 ја споделил Томи Димитријев од Support Kocani:
„Да имаш нешто коешто знаеш дека ќе им помогне на луѓето и своеволно да одлучиш да не го користиш е голема саботажа, нехумано дело, тотално“, вели Димитријев.
Димитријев целосно хронолошки го раскажа процесот на набавка:
Првично од фондацијата „Верица Механџиска“ се појавија како донатори на хипербаричната комора, сѐ со цел тие што беа најнадишани, што им беа проблематични белите дробови, кажаа дека хипербаричната комора највеќе помага за прочистување на истите. Значи, клучно беше во периодот на почетокот после пожарот, кога ги пуштија од болниците – тие што се враќаа тука, во Кочани. Механџиска ја обезбеди комората и ја однесоа во болницата. Ја однесовме таму заедно, тие ја наместија“, објаснува Томи Димитирјев.
…