Скандал во Хрватска: Свештеник јавно објавил податоци за донации кон црквата

Свештеник од Хрватска на интернет објавил список со донации, на кои се наведени имиња и презимиња на донаторите, нивните адреси, но и сумата на пари која ја донирале. Донациите се движат меѓу 10 и 200 евра, пренесуваат од 24sata..

„Тој едноставно објави. Тоа не е пристојно, не е човечно. Јас сум католик, бев министрант и сѐ, но вака да  нè понижува свештеникот, не е во ред“, изјави огорчено Мио Доленец од Стара Дренчина во Хрватска.

Одра Сисачка е област која сѐ уште се опоравува од последиците од земјотресот, а многу локални жители живеат во тешки услови. И покрај тоа, дале колку што можеле, но сега се срамат поради јавното објавување на податоците.

„Тие што немаа, дадоа по 10-20 евра. Тоа се претежно пензионери кои едвај врзуваат крај со крај“, посочи, друг жител и додаде дека оваа практика започнала со доаѓањето на новиот пастир. Според него, сумите за донации се читаат јавно, но објавувањето на интернет дополнително го засили чувството на непријатност и осуда.

Надвор од црквата верниците изразија неверување и разочарување. Пасторот Ивица Маџер, кој беше повикан за овој инцидент, одби да ја коментира ситуацијата, нагласувајќи дека не дава изјави за медиумите. Ниту Сисачката епархија ниту хрватската бискупска конференција не одговорија на прашањата на медиумите.

Back to top button
Close