Скандалот со ИПАРД се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на Стоилев

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство,  Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24,  изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев, се наведува во соопштението од СДСМ.

Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство  Трипуновски, за доделување земјоделско земјиште бил на ќерката на  директорот на Платежната агенција.

„Прв договор кој што го има потпишано министрот Трипуновски за доделување на земјоделско земјишто на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министер, знаете со кого е? Со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој денеска е во притвор – тоа  е Ана Стоилева. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска. Ова јавно го кажувам, а по допрен глас може да се постапува“, рече Николовски.

Тој додаде дека Платежната агенција откако Трипуновски е министер за земјоделство е партизирана, за што како што кажа Николовски постојано алармирал.

И од собраниската говорница укажува дека има политичка тортура, дека има партизација во Платежната агенцијата, дека нема комуникација со Брисел, дека директорот не оди на важните состаноци, дека се чуваат предмети во фиока, дека има неажурност. Скандалот со ИПАРД е пред се личен, заради тоа што директорот на Платежната агенцијата е фатен во овој мегакорупциски скандал“, рече Николовски.

Во интервјуто, тој посочи дека скандалот со ИПАРД со кој под суспензија се 130 милиони евра – пари кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните инвестиции, е дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа година и пол нема ниту една реформа, ниту нова мерка за овој сектор.

„Трипуновски нема да остане запаметен по ниту една реформа, туку по безидејноста, по неспособноста, по ниту една мерка. Бевме прогласени за лидери во делот на искористеност на европските фондови, и уште повеќе најдобри споредено со сите земји кои што ги користат овие средства, за да сега, за жал, се вратиме повторно назад и да ни се случи суспендирање на ИПАРД програмата“, рече Николовски.

Back to top button
Close