Скандалозно и непријатно: Како Меланија му се осветила на Трамп за аферата со Сторми Даниелс
Сторми Даниелс, со која поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја изневеруваше сопругата Меланија Трамп, испрати јавна порака до поранешната прва дама на САД. Ако Меланија не сака да слушне некого (покрај сопругот, на пример) тоа сигурно е спомната актерката од филмовите за возрасни. Таа афера за малку ќе и го уништила бракот, а среде скандалот таа нашла начин да му се одмазди на својот неверен сопруг.
„Не знам каков е договорот меѓу нив, но Меланија треба да го напушти. Не поради тоа што ми го направи мене или на друга жена, туку затоа што е осуден престапник. Докажано е дека е насилен, докажано е дека е одговорен за сексуални напади и даночно затајување и сега тој е криминалец“, изјави таа за Мирор.
Доналд Трамп беше прогласен за виновен за прикривање пари и фалсификување деловни документи. Тој е првиот претседател на Америка во историјата кој е прогласен за виновен на суд. Поротата на Окружниот суд на Менхетен минатиот четврток го прогласи за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. Со тие пари го платил нејзиниот молк за нивната афера, која се случила додека неговата сопруга Меланија Трамп била бремена.
Да потсетиме, двојката Трамп е во брак од 2005 година и го имаат синот Барон (18).
Аферата со Даниелс започнала една година по венчавката на славниот пар. Поранешната портпаролка на Белата куќа, Стефани Греам, на авторката на книгата „Американска жена: Трансформација на модерната прва дама, од Хилари Клинтон до Џил Бајден“ Кејти Роџерс ѝ раскажала како Меланија реагирала на неверството на нејзиниот сопруг.
Според неа, Меланија Трамп намерно одбила да го придружува Доналд Трамп на официјално патување во странство во екот на тој скандал, кој избувна многу години подоцна, откако Доналд Трамп стана претседател на САД.
„Мислам дека му беше лута на Трамп и сакаше тој да биде малку понижен со тоа што не го следеше на настани“, рече Стефани Греам.
Во книгата се тврди дека Меланија Трамо ги криела своите вистински чувства додека вистинската драма се одвивала зад сцената.
И уште неколку детали. Бесната Меланија Трамп поминала неколку ноќи во луксузен хотел во Вашингтон за да се држи подалеку од Белата куќа, кога се појавија вестите дека тогашниот американски претседател и платил на Сторми Даниелс да молчи за нивната афера за една ноќ.
Токму од ова стравуваше Трамп кога на Сторми, 15 месеци претходно, ѝ плати 130.000 долари, изјави извор близок до поранешниот претседател.
“Трамп беше вон себе со страв дека Меланија ќе ги дознае деталите за неговата дискреција – дискреција ни помалку ни повеќе со порно ѕвезда. Знаеше какви може да бидат последиците и ќе направеше се што може за да го прикрие тоа”, додал изворот на Daily news.
Кога „Волстрит џурнал“ пишуваше за случајот Даниелс во 2018 година, Меланија Трамп немаше дилема, сакаше да се одвои од Белата куќа.
Интервјуто со Сторми Даниелс е направено во 2011 година, а магазинот тој разговор го чувал седум години. Таа раскажа сè за средбата со Трамп во 2006 година во хотелска соба во казино во Невада по добротворниот голф турнир на познати личности. Даниелс истакна дека може да ги опише интимните делови на Трамп.
“Сексот не беше ништо посебно. Не сакаше да ме врзува за креветот или нeшто слично. Тоа беше една поза”, рекла Сторми и додала дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.
Таа спомна дека Трамп бил воодушевен од неа и дека и рекол: „Кога ќе се видиме повторно?“.
Меланија Трамп во текот на изминатата година долго време беше надвор од очите на јавноста, но изворите тврдат дека таа е до сопругот и ќе го поддржи за време на неговата претседателска кампања за изборите во 2024 година и дека е подготвена да ја преземе функцијата. на првата дама повторно со цел „да остави трага во историјата“.