Скандирањата во Куманово вчера се поразот на југословенската политика на Скопје и неговите “македонски” партии
Скандирањата во Куманово вчера се поразот на југословенската политика на Скопје и неговите “македонски” партии.
Бидејќи се – изнудени. Следно се тепачки по автобуски постојки. Познато.
Празното Крушево вчера им прати 3 пораки на традиционалните партии:
– никого веќе не го интересира сувопарното партиско “џвакање” на илинденската идеја, затоа што…
– Илинден е проткајан во Македонците и Северна Македонија како национална држава и на Македонците и на немакедонците… а
– етничкото и националното значење на Илинден веќе не се идентификува со партиите кои Македонците ги воведоа во “српскиот свет” при независна држава.
По Извештајот на ЕП кој ги означи како изведувачи на Белград во последните владини мандати, партиско-државните делегации на Скопје веќе станаа непотребни дури и за “билатерални средби” во “Св. Прохор Пчињски”.
Затоа, владиниот врв беше принуден со молк да го легитимира скандирањето за “чиста Македонија”.
Но веќе од денес сведувањето на скандирањето на вербална осуда во партиски соопштенија е само легитимирање на неказнивоста и солидарност со оваа власт.
Вчера премиерот и надлежниот министер имаа само една задача – да побараат полицијата да ги отстрани навивачите кои скандираа поттикнувајќи етничка нетрпеливост, а потоа да ги процесуира нивните постапки.
Кога вчера потфрлија, денес премиерот треба да го повика министерот за спорт и да побара од него:
– санкција за (организаторот на) навивачите или
– негова оставка доколку не го спроведе првото.
Истото, на одделен или на истиот состанок, да го побара и од министерот за внатрешни.
Отсуството на институционална реакција ќе значи злонамерна партиска политика што легитимира говор на омраза и потврдува дека оваа Влада нема намера да го спроведе владеењето на правото.
На страна што ќе ја загрози и самата кошаркарска федерација.
Шовинизмот во “чиста Македонија” вокално е насочен кон Немакедонците.
Но главните противници на “Чиста Македонија” сме ние, нацијата на Северна Македонија и особено:
– мнозинството несистемски Македонци… кои заедно со
– припадниците на останатите народи… сме
– убедливото мнозинство граѓани на оваа држава.
Ние ги живееме идеалите на Илинден во независната и суверена Република, Северна Македонија – членка на НАТО и идна членка на ЕУ.
Тие на 1 август пејат “Ја сам Југословенка” со Лепа Брена, на 2 Август се колнат во Илинденските традиции, а на 4 август ќе бараат грантови за своите “ен-џи-о” од европските амбасади за мултикултурализам и слобода на говорот.
Политиката на власта е јасно погрешна и штетна – по државата/нацијата и секако по македонскиот народ.
И затоа ги одбиваме сите повици на било кој “опозициски” функционер кој ќе повика на “единство” со оваа власт и нејзините партии.
Ве потсетувам: По кочанската трагедија ние сме на една, а тие на друга страна.
Ако сакате “единство” со нив – сте дел од нив. Против сите нас.
Ивон Величковски