Скариоло замина од клупата на Шпанија

Европскиот првак Шпанија доживеа дебакл на Евробаскетот 2025 откако по првата фаза го заврши натпреварувањето. На крајот според рангирањето на ФИБА Шпанија заврши на 17. то место.

Поразот од Грција во последното коло од групата значеше крај на една ера, крај за селекторот на „црвената фурија“ Серџо Сакриоло. Тоа беше тренер кој со децении беше синоним за успех на шпанската кошарка. Заминувањето на успешниот селектор беше планиран и порано, но дојде по еден дебакл на ова првенство.

Сепак неговиот учинок тешко дека ќе биде надминат – осум медали на големите натпреварувања и тренер, кој направи спој на искусни и млади играчи. Сега сите очи се свртени кон Пабло Ласо, кој е фаворит за наследник на Скариоло.

Скариоло во новата сезона ќе го предводи Реал Мадрид.

Back to top button
Close