Скендер Реџепи останува во антивладиниот фронт, но е против Левица

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, останува на позицијата за рушење на Владата во која е ДУИ, но како што брифираат партиски извори за „Слободен печат“, тој има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во „фронтот“ за рушење на Владата.

 

 

„Пратеникот Реџепи има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во коалицијата за рушење на оваа хибридна власт на СДСМ и ДУИ. Сметаме дека има алтернатива и решение и за ова прашање“, велат изворите од Алтернатива за „Слободен печат“.

Откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека заедно со АА/Алтернатива, Левица и Беса формирале ново парламентарно мнозинство, дел од медиумите денеска шпекулираат дека еден од пратениците на Алтернатива се подготвува да го повлече својот потпис од иницијативата за ново мнозинство од 61 пратеник. Според дел од тие извештаи, токму Скендер Реџепи се противел на учеството на Левица во мнозинството, поради ставовите на партијата против НАТО и Европската унија.

Back to top button
Close