Скијач се повредил на Шар Планина: 66-годишниот Словенец паднал кај Титов Врв
Словенец се повредил при скијање на Шар Планина.

Според информациите од полицијата, во неделата, во 12:05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на местото викано „Бакардан“, блиску до Титов Врв, има повреден човек.
Станува збор за 65-годишниот Ј.Р. од Словенија, кој паднал и се повредил и додека скијал.
Тој бил преземен од ратрак-службата и пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде што му била укажана лекарска помош.






