СКИЦ Спона со демант: „Читај како што е напишано“

 „Српскиот културно – информативен центар СПОНА“ реагира со демант на текстот Реакција од Галичник откако Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓи Пулевски за „српски родољуб“

Споменатиот текст кој е објавен на 11. јануари 2023. година на порталот  www.srbi.org.mk не е АВТОРСКИ текст, истиот претставува објава на факсимили и транскрипција на ОРИГИНАЛНИТЕ И СВОЕРАЧНО ПИШУВАНИ ПИСМА на Пулевски, упатени на 20. декември 1872 година до тогашниот министер за образование на Кнежевството Србија Стојан Вељковиќ, како и писмо кое самиот Пулевски го има упатено на 29 ноември 1874 година до тогашниот кнез на Кнежевството Србија, Милан Обреновиќ IV.

Споменатите писма (оргинали) ги има и во САМАТА објава (http://srbi.org.mk/djordje-puljevski-rodoljub-srpski-i-njegova-pisma-za-pomoc-stampanja-njegovih-recnika-u-beogradu/) и истите се поткрепени со АВТЕНТИЧНИ фотографии и оригинални и со СВОЈА рака пишани ЛИЧНО од Ѓорѓија М Пулевски (факсимили), а не измислени писанија и конструирани измислици од страна на СПОНА.

Споменатите писма на Пулевски се објавени во зборникот документи “Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија/Грађа за историју македонског народа из Архива Србије“, том III, книга 1 и книга 2 (https://arhivsrbije.rs/izdanja/149/kompletna-objava), издадени ЗАЕДНИЧКИ од острана на Архвиот на Србија и АРХИВОТ НА МАКЕДОНИЈА во 1983. и 1984.година.

Имено во Државниот Архив во Скопје сеуште се ДОСТАПНИ изданијата на споменатиот зборник на документи, па така сите заинтересирани можат да направат проверка на нивната автентичност.

Се поставува прашањето зошто пренесувањето на автентичните информации кои пред 40 година ги има објавено Архивот на Македонија (а пред повеќе од 150 години ги има лично пишувано самиот Пулевски), однеднаш стануваат спорни кога веродостојно и автентично ги пренесува СПОНА?

Дополнително поради објавените оргинали СПОНА станува предмет на осуда, говор на омраза, злонамерна коментари и бројни навреди…

Очигледно е дека голем број од “дежурните критичари“ го немаат воопшто отворено линкот до текстот, ниту прочитано истиот каде само се наведуваат оргиналните податоци ЛИЧНО ПОТПИШАНИ од Ѓорѓија Пулевски (достапни во Архивот во Скопје).

Back to top button
Close