Склучен првиот истополов брак во Грција

Нешто повеќе од две недели откако Грција го усвои нацрт-законот за признавање на истополовите бракови, активистите за правата на ЛГБТК+, Ставрос Гаврилијадис и Димитрис Елефсиниотис станаа првата истополова двојка што легално стапила во брак, пренесува „Јаху“.

На граѓанската венчавка, која се одржа во градското собрание на Неа Смирни, предградие на Атина, во саботата, на 3 март, беше присутен и Константинос Анагностопулос, заменик-градоначалникот на градот.

Гаврилијадис и Елефсиниотис, кои се заедно 20 години, имаат три деца. Досега не можеа да бидат препознаени како двајцата родители на нивните деца. Меѓутоа, за прв пат во Грција, новиот закон за брак дозволува истополовите парови да бидат признати како родители на децата на нивниот сопружник.

 

Back to top button
Close