Скопјанец (55) пронајден починат во Охридско езеро

 

МВР информира дека вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице.

Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
фото фокус мк

Back to top button
Close