Скопјанец ја загрозил безбедноста на полицискиот хеликоптер додека полнел вода за пожарите
Лишен е од слобода скопјанец, бидејќи ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата, соопштуваат од МВР.
Вчера во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош го лишиле од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл.303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај).
,,Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните“, велат од МВР.
По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат оттаму