Скопјанец додека возел во Батинци мета на истрели

Ноќва во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека синоќа околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје.

Повредени лица нема, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close