Скопјанец изнајмил автомобил вреден 16 000 евра и не го вратил
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ц.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Пријавениот, од компанија за изнајмување на возила, изнајмил патничко возило „киа“, кое не го вратил според договорот и се стекнал со противправна имотна корист од 979.530 денари.