Скопјанец кој возел со 2, 32 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка, двајца повредени

Од МВР информираат дека е уапсен скопјанец, кој возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа во која две лица се повредени.

-Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(50) од Скопје. Околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило “сеат ибица” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М., патничко возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(25) и патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(32), а со повреди се здобиле А.Г. и сопатничката Л.Г.. По преземени мерки, констатирано е дека М.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,32 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител, М.М. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ “безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.

Back to top button
Close