Скопјанец крадел графички картички и струја за да „копа“ биткоини
Полицијата во Скопје приведе триесет и деветгодишно лице од село Љубин поради кражба на графички картички и електрична енергија. МВР информира дека графичките картички биле пронајдени при претрес во неговиот дом, а биле користени за „копање“ биткоини.
Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода лицето Е.А. , а против него ќе бидат поднесени пријави за „тешка кражба“ и „кражба на електрична енергија“.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена на 14.03.2021 на ул.„Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини. При претесот, исто така, било утврдено дека Е.А. врши и кражба на електрична енергија“,
се вели во соопштението од МВР.