Скопјанец лишен од слобода, предизвикал сообраќајка возејќи со 2,6 промили алкохол во крвта

Скопјанец бил лишен од слобода, предизвикал сообраќајка возејќи со 2,6 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Вчера во 12:25 часот на регионалниот пат Кавадарци- Росоман од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода е лишен М.А.(39) од Скопје. Тој управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки предизвикал сообраќајна несреќа, а при вршењето на увид е констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,6 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од СВР Велес.

Back to top button
Close