Скопјанец претепан од 9 години помладата сопруга

Од МВР информираа дека во најголемиот број случаи за семејно насилство жртви се жени, но регистриран е и случај во кој настрада маж.

Како што информираа од полицијата, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријавил дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветна пријава, потенцираат од МВР.

Back to top button
Close