Скопјанец пронајден мртов во Волково

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 40-годишниот жител на Скопје, кој бил пријавен како исчезнат пред повеќе од еден месец, е пронајден мртов на подрачјето на Волково.

– На 19.01.2022 во 11.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Волково бил пронајден починат Ж.С .(40) од Скопје, за кој на 09.12.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт – се вели во полициското соопштение.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, додаваат од МВР.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close