Скопјанец се фали на социјалните мрежи како пaли шуми

Граѓаните се рeволтирани откако на социјалните мрежи се појави видео од засега непознат сторител како пали во природа Тој дури и се пофали на мрежата „Тик Ток“ како со запалка ги потпалува дрвата и растенијата и гледа како горат.

“Пироманот да биде познат, да го направиме… стои во описот под видеото кое се споделува по социјалните мрежи, а во кое се гледа како извесен џељокинг2020 (тоа му е името на профилот на ТикТок) пали шуми.

Треба да си многу глуп за ова да ти биде достигнување за пофалба на „Тик Ток“-коментираат на „Фејсбук“.

На видеото не се гледа за која локација се работи, а истото е споделено на социјалната мрежа ТикТок – апликација која воглавно се користи за забавни видеа.

Back to top button
Close