Скопјанец со нож ѝ се заканувал на сосетката, искршил возила и прозорци

На 25.03.2025 во 16.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ј.(36) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 14.40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С.(26) од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа.
Лицето било пренесено во здравствена установа и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close