Скопјанец со раце ја давел поранешната сопруга и со боксови ја удирал по главата
Маж од Љубанци и нанел телесни повреди на својата поранешна сопруга, со која по разводот останале да живеат во заеднички дом.
-Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 1 декември, во семејниот дом во селото Љубанци, при вршење семејно насилство, тој телесно ја повредил неговата поранешна сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.
По вербална расправија меѓу двајцата, осомничениот со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, продолжил со тупаници да ја удира по главата, нанесувајќи и телесни повреди изразени во вид на набиеници на главата и вратот, информираат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека е побаран притвор за насилниот маж.
-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, пред се поради опасноста од бегство, велат од Обвинителството.