Скопјанец тврди дека бил киднапиран и претепан, завршил со тешки повреди: МВР истражува сериозен инцидент

Скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и против своја волја однесен од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е. (36) од скопско пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила – „хјундаи“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“.

Според пријавата, возилата ги управувале Р.Б., М.Б. и Б.Б., а Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди.

Пријавителот тврди дека по нападот бил ставен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.

Back to top button
Close