Скопјанец уапсен во охридско, кај него пронајдени 300 теписони без документација

МВР информира дека вчера на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље уапсен е А.Ј (52) од Скопје.

Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.

Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Back to top button
Close