Скопјанец во притвор – осомничен за силување на поранешната девојка

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец за кој постои основано сомневање дека сторил кривично дело – силување.

-Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, ja силувал девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. Тој влегол во станот во кој престојувала оштетената и иако таа се спротивставувала, со употреба на физичка сила и удари, ја принудил на сексуални односи, информираат денеска од Јавното обвиителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​

Back to top button
Close