Скопјанецот Абу Катада ал Албани станал висок офицер во новата сириска армија
Повеќе извори запознати со состојбите во Сирија информираат дека скопскиот Албанец Абдул Јашари, познат и како Абу Катада ал Албани, добил чин полковник меѓу новите офицери на сириската армија, пренесе Експрес.
Тој служел како водач на албанската група Џемати Албан (Џемат ал-Албан).
Водач на оваа група е 48-годишниот Абу Катада ал-Албани. Неговото вистинско име е Абдул Јашари и има високи советнички функции во раководството на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) од каде што доаѓа новиот сириски лидер.
Абдул Јашари е роден во Скопје, Македонија, на 25 септември 1976 година, откриваат негови блиски луѓе.
Иако го дели истото презиме како косовецот Адем Јашари, двајцата не се во роднинска врска.
Групата Џемати Албан првпат се појавува во 2012 година, една година по почетокот на Сириската граѓанска војна.
…