Скопјани криумчареа мигрант од Турција

МВР информира дека доцна синоќа во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.

При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б.,затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.

Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close