Скопјани можат да ги подмират долговите за вода на рати без камата до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информираше јавноста дека е во тек акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Од претпријатието посочуваат дека акцијата има ограничено времетраење и ќе трае до 5 јуни 2026 година.


„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода, тужен или редовен, да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата“, наведуваат од претпријатието.

Акцијата се однесува на отплата на долговите на рати без камата, а по истекот на рокот одлуката ќе престане да важи.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје дополнуваат дека оваа можност не важи за органите на државната и локалната власт, државните институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или од општините. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close