Скопјани помасовно излегуваат на гласање денеска отколку во првиот круг

Сѐ уште продолжува трендот на поголема излезност во главниот град споредено со првиот круг од локалните избори. Вкупно на целата територија на Град Скопје излезноста до 13 часот е 22,88 отсто, додека пред две недели таа изнесуваше 18,71 проценти.

Како и претходно најголем раст на излезноста има во Карпош и Кисела Вода. Во Карпош денеска до 13 часот на гласање излегле 29,54 отсто од гласачите, а пред две недели истото го сториле само 20,76 проценти. Во кисела Вода, пак, излезноста до 13 часот е 27,03 отсто, додека во првиот круг изнесувала 21,38 проценти.

Сарај е единствена скопска општина каде излезноста денеска е пониска отколку во првиот круг. До 13 часот излегле 10,46 отсто од гласачите, додека пред две недели таа изнесуваше 13,52 проценти.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ИЗЛЕЗНОСТА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД ДО 13 ЧАСОТ:

Back to top button
Close