Скопјанка, кумановец и злетовец возеле пребрзо и под дејство на алкохол -СВР Куманово со кривични пријави

Скопјанка возела пребрзо во централно градско подрачје, кумановец и злетовец возеле под дејство на алкохол, полицијата ќе им поднесе кривични пријави за безобѕирно управување на моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 15:06 часот на булевраот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 33-годишната Г.Ф. од Скопје затоа што при контрола со радар констатирале дека управувала патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Во 22:38 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај црква Св. Мина, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(27) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземени мерки констатирано е дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта.
Во 01:43 часот на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(40) од с. Злетово, пробиштипско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во организмот.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на настаните против нив ќе следуваат кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.






