Скопјанка нападната од поранешниот партнер на Бит Пазар
Вчера во попладневните часови во скопската полиција 24-годишна жена пријавила дека претходно дента на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од поранешниот партнер.
„На 08.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.М.(33)“, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.