Скопјанка натепана од нејзина роднина откако се скарале поради имот
69-годишна скопјанка пријавила дека била нападната од нејзина роднина, поради недоразбирање во врска со имотно-правни односи.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 15:50 часот во СВР Скопје, Е.Ч.(69) од Скопје пријавила дека на 25.07.2026 околу 17:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу имотно-правни односи, била физички нападната од С.К., со која биле во роднинска врска.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок





