Скопјанка претепана и нападната со остар предмет од партнерот, па и го демолирал возилото
Вчера околу 20:50 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека во домот на нејзиниот партнер Љ.З., на подрачјето на Кисела Вода, тој и го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и со употреба на остар предмет и упатил закани, а подоцна во дворот со тврд предмет и го оштетил возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот






