Скопје ја одби понудата на Софија за мазутот

Македонското МНР попладнево ја потврди веста од Софија дека министрите за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Георг Георгиев, разговарале околу проблемите со мазутот што ги има нашата земја, но дека била отфрлена понудата на соседот за помош.
„Утрово беше остварен телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна“, велат од МНР.
Во исто време, Муцунски му рекол на Георгиев дека Македонија е подготвена да ѝ помогне на Бугарија доколку таму има потреба од ваква или слична помош.
Помошта што Бугарија ѝ ја понуди на земјава уследи еден ден откако македонската влада донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата во рок од седум дена.






