Скопје и Софија да ги решат билатералните прашања во духот на добрата волја, бараат Паневропската Унија на Македонија и ПанЕвропа Бугарија
Различните ставови за историјата на Македонија и на Бугарија не треба да бидат пречка за нивната заедничка европска иднина. Ги повикуваме владите и институциите на Бугарија и Македонија да продолжат со комуникацијата во духот на добрата волја и да ги надминат сите препреки што можат да го попречат напредокот на Македонија кон нашата заедничка европска иднина.
Ова се вели во заедничко соопштение на Паневропската Унија на Македонија и ПанЕвропа Бугарија: Владите на Бугарија и на Македонија поддржано и од првите луѓе на Паневропа во Шведска и во Австрија
Во соопштението се посочува дека од своето основање во 1922 година, Пан-Eвропа го промовира обединувањето на Европа, а денес ја продолжува својата мисија со унапредување на завршувањето на овој процес – интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Воедно се поздравува одлуката на Советот на ЕУ од март 2020 година, одобрена од Европскиот совет, за отворање преговори за пристапување со Македонија и Албанија, а тоа дека Бугарија како земја-членка го поддржа консензусот со разбирање дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат важни елементи на процесот на проширување. Покрај тоа, се потсетува на, како што се наведува, инструменталната улога на Бугарија како претседавач на Советот на ЕУ во 2018 година за враќање на проширувањето на Западниот Балкан на европската агенда и се поздравува определбата, демонстрирана од Македонија, да испорача на агендата за реформи за членство во ЕУ, со исполнување на условите за отворање на пристапните преговори.
-Со оглед на горенаведеното, сметаме дека различните ставови за историјата на двете земји не треба да бидат пречка за нивната заедничка европска иднина.Во врска со ова, ги повикуваме владите и институциите на Бугарија и Македонија да продолжат со комуникацијата во духот на добрата волја и да ги надминат сите препреки што можат да го попречат напредокот на Македонија кон нашата заедничка европска иднина. Двостраните добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија треба да се градат врз основа на меѓусебна доверба, почит, економски развој, културна размена и разбирање едни за други, но исто така и на неоспорното право на самоопределување, и принципите и вредностите на ЕУ, стои во соопштението потпишано од двете членки на Пан Европа .
Воедно, се посочува на потребата од градење европскиот дух на меѓусебно разбирање и соработка, во односите меѓу двете земји.
-Ние целосно ги поддржуваме активните мерки, приближувајќи ги македонската и бугарската нација, избегнувајќи негативна реторика што се користеше во изминатите децении, која за жал носеше поделби во нашите односи.Убедени сме дека со прогресивниот напредок на евроинтегративниот процес на Македонија со поддршка и менторство од страна на Бугарија, врските меѓу двете нации ќе станат уште посилни, а тоа ќе донесе засилено чувство за европскиот дух на меѓусебно разбирање и соработка, во односите меѓу двете земји, се посочува во заедничкото соопштение потпишано од генералниотн секретар на ПУМ и член на меѓународното претседателство на Пан-Европа Д-р Андреј Лепавцов, од Гергана Паси, Паневропа Бугарија, Валбурга Хабсбург Даглас од Паневропа Шведска и Рајнхард Клоучек од Паневропа Австрија.