Скопје на 9 позиција најзагадени градови во светот,во Битола и Струмица престанаа мерките

Според платформата „Ај-кју ер“, во Скопје индексот на загаденост денеска во 11 часот е 178 и главниот град е на 9. позиција според листата на загадени градови во светот

Од денеска во Битола и Струмица престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање откако изминатите два дена овие градови имаа висок степен на загаденост.

„Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 5.01.2023 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“ соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање

Во Скопје овие денови ситуацијата со загадувањето е алармантна. Според платформата „Ај-кју ер“, во Скопје индексот на загаденост денеска во 11 часот е 178. Во Скопје се измерени 106 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 167.2 микрограми на кубен метар.

Скопје денеска со овој степен на загаденост е на 9. позиција според листата на загадени градови во светот.

Back to top button
Close