Скопје повторно е втор најзагаден град во Европа

Скопје вечерва се најде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, заземајќи го неславното второ место со индекс на загаденост 162, според податоците на платформата IQAir. Прв во европа и трет во светот е главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, каде квалитетот на воздухот е со уште полош индекс од 236 единци , што спаѓа во категоријата „многу нездрав воздух“.

На глобално ниво, најзагаден град во моментов е Дака, Бангладеш, каде загаденоста достигна алармантен индекс од 295, што претставува сериозен здравствен ризик за населението.

Загадувањето на воздухот во Скопје е долгогодишен проблем, кој се влошува во зимските месеци поради комбинацијата од индустриски емисии, сообраќаен метеж и користење на фосилни горива за греење. Високите концентрации на PM2.5 и PM10 честички претставуваат сериозна опасност по здравјето, особено за децата, постарите лица и хронично болните. (Рацин)

Повеќе…

Back to top button
Close