Скопје Прајд: „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.

Настанот во вечерните часови ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

🏳️‍🌈 Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ).
📢 По кратки обраќања на активисти и претставници на институции, следува марш по скопските улици пропратен со DJ сетови (19:00 – 20:00).
❤️ Скопје Прајд 2022 ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и од регионот и DJ сетови.
🤗 Програмата на Стадионот на АРМ во Градски парк ќе почне во 20:30 и ќе трае до 01:00 часот, а водителка на програмата ќе биде актерката Наталија Теодосиева.

Back to top button
Close