Скопје солидарно со Украина –  Ќе се маршира до руската амбасада

Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска ќе организира мирен собир во Скопје за поддршка на украинскиот народ во борбата против руската инвазија.

Собирно место, како што пишува во повикот, е плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје од каде што граѓаните ќе се упатат кон Амбасадата на Русија во земјава.

„Денес, на 25 февруари 2022 година, ќе се одржи мирна акција на здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, со почеток во 14:30 часот во центарот на Скопје (Плоштадот ‘Македонија’), со упатување кон руската амбасада во Скопје (ул. ‘Пиринска’ бр. 44, 1000 Скопје). Мирната акција е посветена на поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија во Украина. Ве повикуваме да ни се приклучете во овој мирен настан против руската агресија врз Украина! – пишува во повикот што го споделува и украинската амбасада во земјава.

Back to top button
Close