Скопје трет најзагаден град во светот

Македонската метропола денеска се најде на третото место на листата на најзагадени градови во светот според податоците на платформата IQAir.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v80), quality = 100

Пред Скопје на листата се Лахор во Пакистан и Сараево во Босна и Херцеговина. Според мерната станица, веднаш по главниот град на Македонија следуваат Делхи, Ченгду, Колката, Кувајт Сити, Ханои, Карачи и Бишкек.

 

 

Скопје со години се соочува со високо ниво на загадување, особено во зимските месеци, предизвикано од сообраќај, индустрија и согорување на цврсто гориво за затоплување.

Експертите апелираат за итни мерки за намалување на загадувањето и заштита на јавното здравје, со цел да се намали ризикот од респираторни и други болести кај населението (4news)

Back to top button
Close