Скопје утрово деветти најзагаден град во светот

Скопје утрово е деветти најзагаден град во светот со индекс од 165, покажуваат податоците на веб-страницата „Ај-Кју Ер“.

Пред Скопје се само Лахор, Делхи, Вухан, Ченгду, Хангжу, Карачи, Ханои и Дака. И на страницата „WAQI“ податоците за Скопје покажуваат високо ниво на загаденост, најмногу во Гази Баба, Лисиче, Ѓорче Петров и Тафталиџе.

Во услови на нечист воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, а граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

Back to top button
Close