Скопје утрово е на второто место во Европа по загаденост на воздухот, покажуваат податоците на „Ај-кју ер“

Главниот град на земјава, Скопје, утрово е втор најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“.

Скопје утрово е на 10. место на листата со индекс на загаденост 172. Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав воздух“.

Податоците од платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“.Фото: Принтскрин

Прв на листата на најзагадени градови во светот е Лахор во Пакистан, а потоа следуваат Делхи во Индија и Сараево во Босна и Херцеговина. На 4. место е Длака во Бангладеш, а по него е Калкута во Индија. Следни се кинеските градови Вухан и Чонгкинг. По нив, се наоѓаат Ханои во Виетнам и Карачи во Пакинстан.

Скопје е на 10. место. По него е Приштина во Косово.

Според експертите, високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на грејни тела.

Back to top button
Close