Скопската Зоолошка доби нов в.д. директор, доаѓа од редот на вработените
Катерина Костова е назначена за в.д. директорка на Зоолошката градина, дознава „Скопје1“ од изводи од установата. Таа доаѓа на позицијата од Зоран Попов, кој беше кадар на Данела Арсовска, во чие време угинаа десетици животни. Костова е избор на Орце Ѓорѓиевски како нов градоначалник на Скопје.

Од редакцијата на „Скопје1“ се обиделе да добие потврда од Град Скопје за тоа дали формално е извршено назначувањето, на што очекуваме одговори. Ова доаѓа откако во јавноста се појавија информациите дека со ЗОО-Скопје ќе раководи Стефан Кирков, за кого беше објавено дека бил осуден за измама со животни, па активисти сметаа дека е тенденциозно оваа функција да му се довери нему.
Вработени во Зоолошката градина за „Скопје1“ брифираат дека Костова е дел од установата повеќе од шест-седум години. Последно, таа била и лице задолжено за пристап до информации од јавен карактер. објави Скопје1.мк






