Скопските комуналци ја добија августовската плата

Вработените во „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, денеска ја земаа августовската плата, по седумдневните протести.

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски за МИА изјави дека утрово од 8:30 до 9:30 часот, вработените одржале протест, без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Кашиковски апелираше раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за да не бидат принудени повторно вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ нивното основното човеково право и основно работничко право на плата да го бараат преку протести и блокади на булеварите и крстониците во Град Скопје.

Минатата недела скопските комуналци седум дена блокираа неколку раскрсници во Скопје, , како последно предупредување за решавање на проблемот со платите

Back to top button
Close