Скриената коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ излезе на површина, обвинува Филипче

Да не се предаваме на апатијата, да избереме мобилизација. Да не дозволиме поделба, да избереме единство, кажа Филипче вечерва на митинг во Струмица

Постои подмолна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, обвини носителот на листата во ИЕ4 од СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“, Венко Филипче.

На вечерашниот митинг во Струмица, Филипче се осврна и на последните случување со партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

„Она што го најавив прв, а тоа е подмолната скриена коалиција меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, таа сега излезе на виделина. Јас ги разбирам оние кои биле разочарани и кои сметале дека глас за ЗНАМ не е глас за ВМРО-ДПМНЕ, но сега веќе картите конечно се отворија, сега веќе е јасно дека ЗНАМ е само сателит на ВМРО-ДПМНЕ кој имал за цел да ја разениди СДСМ, а потоа да оди во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е проект за ослабнување на СДСМ, но најтажно е што ЗНАМ ќе биде искористен еднократно а потоа фрлен на буништето. ВМРО-ДПМНЕ ќе го уништи ЗНАМ во најкус рок откако тој политичи ќе му послужи. На ова нѐ научи историјата, а таа секогаш се повторува“,порача Филипче.

Тој ги повика граѓаните да изберат мобилизација и на 8 мај да гласаат.

„Ве повикувам, да не се предаваме на апатијата, да избереме мобилизација. Да не дозволиме поделба, да избереме единство. Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ. Ве повикувам, да им се спротивставите на оние кои се обидуваат да нѐ потценат и уценуваат, да им се спротивставиме на оние кои сакаат да нѐ поделат и кумуваат со нашите противници. СДСМ не смее никогаш да биде потценет, а уште помалку уценуван. Глас за СДСМ е глас за напредок и стабилност за подобра иднина за нашите деца“,рече Филипче.

 

Back to top button
Close