Скрининг во Трубарево: Од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани на Клиниката за пулмологија
Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на Клиниката за пулмологија, додека другите поминале без знаци за натамошен третман, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу.
Граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни.
Алиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки, отежнато дишење,… да се пријават уште вечерва за скрининг.
-Скрингот проодлжува и утре од 10 – 16 часот, а ако е потребно ќе продолжи и понатаму зашто целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат некакви симптоми како кашлица, главоболки, отежнато дишење. Тие граѓани би ги замолил да се пријават уште вечерва за скрининг. Добро е порано да се детектираат здравствените проблеми, за да ги третираме, истакна Алиу.
Според Протоколот, скрининг треба да се направи уште два пати, по три и по шест месеци, за да се види ефектот од загадувањето по пожарот.