Скромно одбележан Денот на ослободувањето на Пехчево
– Во Пехчево одбележана 76-годишнината од ослободувањето на градот. Настанот се одбележа во знакот на зголемениот број случаи со Ковид-19.
– Почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста Ковид -19, односно задолжително на носење заштитни маски за лице и одржување на соодветно растојание за време на настанот, одбележувањето на овој историски датуми од поновата историја на оваа малешевска општина, се одбележа со положување свежо цвеќе пред споменикот на борецот од НОБ од Пехчево, Ванчо Китанов, при што пред споменикот се поклонија делегација од Општина Пехчево, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, информира од локалната самоуправа.
Поради ситуацијата со коронавирусот и зголемениот број случаи општината одлучи да не се одржат други активности.
– Иако беше предвидено Свечена седница на Советот и доделување награди и признанија за истакнати поединци кои придонеле за развојот на Пехчево сепак ова го одложивме за малку подобри времиња, додадоа надлежните.
Во Пехчево денес се навршуваат и 24 години од создавањето на Општината како посебна административна целина.