Скупи фестивал во Куршумли Ан
Вторник на 7 септември во 20 часот во Куршумли Ан Скопје почнува 15-тото издание на МТФ Скупифестивал 2021.
Програматa на овогодинешна едиција нуди современи театарски текстови, културни текови преку прикажување на иновативни и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици. Оваа година на фестивалот ќе гостуваат театарски групи од Косово, Србија, Албанија, Бугарија, Словенија, Русија и Македонија
Вторник, 07.09.2021 го отвараме фестивалот со преставата „+18″ од градскиот театар Хади Шеху Ѓаковица од Косово. Претставата која ве сместува во непознати околности. Соочувањето на два лика кои цело време се обидуваат да се најдат и да станат едно, ги фрла во темниот свет на животот. Обидувајќи се да излезат од „подземјето” тие постојано нуркаат сe подлабоко, откривајќи свет кој не се разликува по нација, раса или религија. Тие често патуваат во „подземјето”, кое колку и да е атрактивно, подеднакво е и убиствено.
Aвтор на текстот Давид Мамет, режија Ќендрим Ријани, сценограф Петрит Бакаљи, костими Аљма Красниќи, музика Адурим Грезда, улоги: Еди Кастрати,Бујар Ахмети,Мирвете Куртиши,Алтина Кусари,АрбиесКомони, Влора Дервиши, Иљка Лота, Влера Пиља, Валон Паљаска, Бесфорт Бербери, Едмонд Хафизадеми, Еди Ѓакова, Мурадије Муриќи, Елида Шасивари.
-Среда е слободен ден
-Четврток на 09.09.2021 продолжуваме со театар Јолџу од Истанбул, со преставата “Венера во крзно”. Настаните во делото се сместени во магична атмосфера, напишана како фикција и привлекува внимание со своето изненадувачко финале, актерите влегуваат од улога во улога играјќи различни карактери.
Aвтор на текстот Давид Ивес, режија Ерсин Умут Гулер, сценограф Озлем Каја, музика Туфан Дагтекин, улоги: Первин Багдат,Ерсин Умут Гулер.
– Во петок, 10.09.2021 театар Вазраждане од Софија со преставата „Соба за Гости”. Во која маж и жена фрлени на територијата на осаменост, со години градат, секој за себе, илузорни светови во нивната желба да компензираат за нескротливиот недостаток на човечка интимност . Aвтор Петер Турини, режија Зафир Раѓаб, сценограф Елис Вели, улоги: Јана Рашева, Свејен Младенов, Бојан Ферадјиев, Виториа Николова.
-Во сабота на 11.09.2021 во 20 часот Народен Театар Тузла, со преставата „Крекање”. Се занимава со една од најстари приказни во светот, а тоа е приказната за патување до другиот свет. Врз основа на комедијата Жаби од Аристофан. Оваа комедија се занимава со проклетството и убавината на театарот, доведувајќи ги во прашање неговите сличности со самиот живот. Aвтор е Алмир Басовиќ, режија Алеш Курт, сценограф Сабина Трнка, костими Весна Теодосовиќ, музика Златан Божута, улоги: Синиша Удовичиќ, Елвис Јахиќ, Јасмина Дедиќ-Ибриќ, Недим Малкочевиќ/ Хасан Сушиќ, Јасмина Ибрахимовиќ, Елмир Кривалиќ, Лука Спасојевиќ, Селма Гусинац, Самина Мујкановиќ.
-Во недела, 12.09.2021 завршуваме со преставата „ Пикасо и Ајнштајн во еден бар во Парис ” од театар Метропол Тирана. Претставата во центар ги става двата главни лика, познатиот сликар Пабло Пикасо и научникот Алберт Ајнштајн. Случувањата се дешаваат една октомвриска вечер во 1904 година, време кога и двајцата генијалци се на работ да ги откријат своите неверојатни идеи. Ајнштајн, пред да ја објави својата теорија за релативност во 1905 година и Пикасо, пред да ги наслика „Дамите од Авињон” во 1907 година. Во кафеаната тие имаат долга дебата за вредноста на генијалноста и талентот додека комуницираат со многу други ликови и иден научен гениј како Ајнштајн. Aвтор на текстот Стив Мартин, режија Армела Демај, сценограф и костими Френси Ѓераси, музика Гент Руши и Лаура Хоџа. Улоги: Роерд Точе, Клодијана Кецо, Амри Хасанљиу, Сара Кочи, ЕрдетМирака, Силва Брахиматај, Ермир Хоџај, Силвио Госкова, Александар Конди, Бленди Арифи, Кристјана Додај.
Како што е познато, МТФ Скупифестивал има и натпреварувачки карактер, каде што избраното жири одлучува за најдобра престава на фестивалот. Во ова издание ќе се погрижи жирито составено од Тауланда Јупи, режисерка од Тирана, Аделина Марку и Елмазе Нура, режисерка од Приштина.
– Овогодинашното издание на фестивалот ќе се организира во просториите на Хани Куршумли Ан во Скопската чаршија. Целата активност на фестивалската програма ќе ке се одржи според протоколите одобрените од Комисијата за заразни болести.
МТФ СкупиФестивал 2019 е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Институтот Јонус Емре и Македонски Телком.