Славески: Буџетот е гломазен и инфлациски, се зголемува дефицитот и јавниот долг

„Не би сакал да верувам дека власта свесно го прави тоа да ја подгрева инфлацијата, но политиките во економијата само го зголемуваат долгот и дефицитот, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг” на Телевизија 24.

Тој додаде дека можеби станува збор за незнаење на водење на економските политики и јавните финансии.

„Второ популизам, по инерција да им се угоди на оредени општествени групи во државата со тоа што се штети на најголем дел од граѓаните. Трето неможност да се задоволат некој апетити кај коалициските партнери, како што се трошењето средства за коридорот 8 и договорот со Бехтел и Енка, а такви проекти во кризни ситуации се одложуваат во најмала рака за некоја година”, вели Славески.

Славески потенцираше дека буџет кој креира дефицити треба тие дефицити да ги намали во најскоро можно време, затоа што секој дефицит значи зголемување на јавниот долг. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ укажаа дека буџетот е гломазен и ифнлациски.

„За само две години, односно од крајот на 2021-ва година реализацијата и проекцијата за 2023-та година приходите во буџетот се зголемуваат за една милијарда евра, а раходите за милјарда и сто евра. Споредено со БДП од некаде 12 милијарди евра во Република Македонија тоа е застрашувачка и фрапантна бројка. Со тоа доаѓаме во ситуација кредиторите наскоро да ни кажат стоп, бидејќи вие сте земја која  сте задолжена и не сме сигурни дека ќе сте способни понатаму да се задолжувате и плаќате понатму кредитите, сега не сме во ваква ситуација но лесно можеме да се најдеме во ваква ситуација со вакви буџети”, кажа Славески.

Back to top button
Close